Деновите стануваат пократки и постудени, и има ли нешто подобро за загревање од топлите сауни? Имено, во Шведска постои една специјална која изгледа како предимензионирано јајце и тоа во златна нијанса. Покрај тоа што е функционална и отворена за јавноста, во исто така, е и уметничко дело. Оваа соларна сауна истовремено може да прими и до осум луѓе, а е моделирана според оние што можат да се најдат во областите на арктичката клима во Лапонија, а кои се подразбираат и како топлински простории за контемплација.
Bigert & Bergström е двојката која стои зад ова во Шведска, и тие ја примениле претходно споменатата филозофија во нивната изведба, а својот проект го споредиле со еден вид инкубатор.
Инаку, овој уметнички пар од 1980 година има создадено голем број на концептуални инсталации и скулптури кои во најголем дел се опишани како маргинални. Она што во нивната работа е главното е вкрстувањето меѓу човештвото, природата и технологијата.