Минималистичките концепти продолжуваат и натаму да бидат изразито популарни во областа на дизајнот и архитектурата. Заради тоа, не е чудно што шпанскиот архитект Антонио Васкез токму во тој правец ја осмислил и станбената резиденција во која живее пар кој е заинтересиран за современата архитектура.
Casa VMS се наоѓа во Magaz de Abajo, и се карактеризира со речиси екстремно едноставен ентериер и екстериер.
Оваа куќа е направена од гранит, кој дополнително го нагласува студениот впечаток кој таа го одава.
Тој ефект е постигнат смислено, бидејќи околу куќата е оставена земјата како што била, без додавање на никакви растенија.
Куќата ја обележуваат и други интересни содржини, како што се т.н. лебдечки скали кои водат до библиотеката и големите прозорци, кои обезбедуваат доволно количество на светлина. Ентериерот е означен со бела боја со детали во кафени и сиви нијанси, како и правилни линии кои ја определуваат целокупната естетика.