Еден од најважните елементи во однос на дизајнот на ентериерите денес, е сигурно масата (трпезариска) околу која може да се соберат голем број луѓе. За да се елиминираат одредени „проблеми“, дизајнерот Marcus Voraa креира т.н. дрвена Roll-out маса која со едноставна техника на одмотување може да се прошири.
Неговата цел била да се создаде централен елемент во главната ентериерска зона, кој ќе ги привлече членовите на семејството да поминуваат повеќе време заедно, да се собираат пријателите и сите заедно да бидат.
Не е важно дали се работи за трпезариска маса, централна маса за состаноци и конференции… Факт е, дека е во прашање елемент чија функција, но и естетика привлекува внимание и ги повикува луѓето на дружење.