Во Пекинг се планира нов проект на ексклузивен трговски центар кој е дизајниран од страна на познатиот американски архитект Ендрју Бромберг. Се работи за објект кој треба да се реализира во бизнис областа на градот, а проектот е моментално во петтата и последна фаза. Инаку на проектот се работи 30 години.
Интересно во сево ова е дека централната зграда има атрактивен и необичен елипсовиден покрив со парк и градина, пешачка патека, но и патека која во зима станува стаза за санкање.
Во зградата ќе бидат сместени разни галериски простории, продавници, ресторани, барови, како и разни канцеларии, апартмани за изнајмување како и јавни простори.