Досегашниот часовник на аеродромот во Амстердам е заменет со предимензиониран Real Time часовник чиишто стрелки во реално време ги црта човек, или така се чини.
Амстердамскиот аеродром Schiphol доби брилијантна и генијална атракција. Познатиот холандски дизајнер и уметник Maarten Baas осмисли и креира предимензиониран часовник The Real Time Schiphol Clock, кој го замени поранешниот класичен, а кој се наоѓа во зоната на чекање 2.
Поточно, овој интересен концепт за часовник нема физички стрелки, туку нив во реално време ги оцртува човекот што се наоѓа во заднина на кубусот од висечкиот часовник.
Од неговата силуета може да се види дека е облечен во сино работно одело, и има канта со црвена кофа и жолт сунѓер за бришење на површината на која ги црта стрелките на часовникот.
Ако мислевте дека се работи за вистински човек, не е, туку се работи за фантастично направена видео анимација во траење, се разбира, од 12 часа, што се вртат во loop.
Не треба да се спомене дека овој проект на почитуваниот уметник ги воодушеви сите што биле на аеродромот, но исто така и оние што ја следат неговата работа подолго време.