Научниците од Универзитетот во Вашингтон тврдат дека генетски модифицираниот бршлен е се што Ви е потребно за почист воздух во домот. Резултатите од нивното истражување кои се објавени во списанието Environmental Science & Technology покажале дека генетски модифицираните растенија се во состојба да ги извлечат од воздухот канцерогените органски соединенија како што се бензен и хлороформ. За да создадат растение кое ќе ги отстранува токсичните честички од воздухот , истражувачите одлучиле да го користат проетеинот P450 2E1 познат како 2E1 или “зелен црн дроб”. Овој протеин е присутен во организмот на сите цицачи, поточно во црниот дроб, и ги разложува бензенот и хлороформот така што тие можат да се исфрлат од телото. Исто така, му помага на организмот да го процеситра алкохолот. Токму оваа реакција, научниците се потрудиле да ја постигнат и надвор од организмите, па со синтетичка верзија на генот кој произведува 2E1 го вметнале во бршленот.
Потоа во период од 11 дена ја следеле состојбата и ги спореувале генетски модифицираниот и обичниот бршлен на кои им додале големи количини на бензен иили хлороформ. Обичниот бршлен не покажал никакви промени во концентрацијата на тие соединенија, додека генетски модифицираниот покажал значително намалени концентрации.