Во текот на јули во Софија се одржа Generative Morphologies Workshop – работилница за нови техники на дизајн, дигитално производство и презентација. Како што пишува сајтот Строителство.инфо, станува збор за единствена работилница од тој вид во Бугарија. Таа е предвидена за архитекти, студенти на архитектура, професионални дизајнери и луѓе од уметноста.
Инструктори беа тим составен од архитекти – гости од АА School of Architecture, London – Pavlina Vardoulaki, Ahmed Shokir, Houzhe Xu, Cosku Cinkilic и нивниот бугарски колега Константин Доганов. Организатори беа архитекти од DesignMorphine.
Работилницата даде можност за обука со Rhino 3D, Grasshopper, Maya, Processing, како и стратегии за 3D принтање. Учесниците имаа можност да користат два 3D принтера, кои беа на располагање за цело време на траење на работилницата и учесниците паралелно да се запознаат со софтверските продукти и да разработат свој проект – агрегација.
Проектите и 3D принтаните модели беа претставени на финална презентација. Секој учесник накратко ја раскажа идејата на својата работа, по што инструкторите ги коментираа резултатите.
Во текот на септември претстои изложба на која ќе се претстават проектите, како дводимензионално, така и преку 3D принтаните модели на сите учесници.