Општина Аеродром во соработка со Град Скопје почна акција за чистење на целата територија.
Станува збор за сеопфатна есенска генералка за чистење на улиците и парковите, во која покрај јавните претпријатија се ангажирани и сезонските работници од Општина Аеродром, како и сета расположлива механизација.
Општина Аеродром има ангажирано околу 120 работници кои се грижат за чистотата на јавните површини и нивното секојдневно одржување и најави набавки на дополнителна механизација, за што веќе се алоцирани средства.
Според планот и предвидената динамика ќе се чистат сите градски и општински улици, како и парковите.