Насловна / Вести / GEK Terna продава зелени обврзници, на купувачите им гарантира намалување на емисиите

GEK Terna продава зелени обврзници, на купувачите им гарантира намалување на емисиите

Грчката групација GEK Terna има план до 2028 година да го зголеми вкупниот капацитет на своите ветерни електрани, фотоволтаични постројки и системи за складирање на електрична енергија на 3GW. На 30-ти јуни, преку својата фирма членка Terna Energy имала портфолио од 1,3 GW на мрежа, во изградба или капацитети спремни за изградба во Грција, централна и источна Европа. Овој гигант кој  работи и во областите на недвижности и управување со отпад, објави дека ќе издаде обични обврзници со клаузула за одржливост и дека со нив ќе се тргува на Атинската берза. Целта е да се соберат 300 милиони евра, а продажбата ќе биде откажана доколку побарувачката биде помала од 200 милиони евра.

terna1

Продажбата на седумгодишните зелени обврзници која завршува токум денес, 10-ти декември, вклучува услов за компанијата GEK Terna да ги намали емисиите на гасови со ефект на стаклена градина за 25% до крајот на 2025 година. Компанијата соопштила дека доколку не успее во тоа, на кредиторите ќе им ја зголеми каматната стапка за 0,2 процентни поени. GEK Terna изразила уверување дека проектите во областа на енергетиката ќе придонесат во остварување на планот за намалување на јаглеродниот отпечаток и влијанието врз животната средина. Според Energy Press, средствата ќе бидат искористени за делумно финансирање на гасната електрана од 877 MW во Комотини, во која со половина во инвестицијата учествува Motor Oil. Вредноста на постројката е проценета на 375 милиони евра, а пуштањето во работа е предвидено за три години.

terna2

Испрати коментар

Scroll To Top