Во светот на гејминг мебелот, каде што Herman Miler и IKEA се главните имиња, јапонскиот бренд Bauhutte полека се искачува на врвот со својот мебел по мерка за гејмерите кои воглавно се залепени за својот компјутер.
Електричниот гејминг кревет, доаѓа со држач за екрани и тастатури, маса, повишен потпирач за глава и држач за грицки. Што значи, играчот нема да мора да станува за ништо друго освен за одење во тоалет.
Враќајќи се во реалноста, креветот за игри на крајот ќе ги направи сите гејмери уште помрзеливи, но тоа секако нема да им пречи на волшебниците од виртуелниот свет. Тоа е затоа што ергономскиот кревет е опремен со двојни мотори кои имаат способност да го навалуваат телото во две позиции, на половината и на нозете. Играчите можат да го приспособат аголот за поддршка на половината до максимум 60 степени, додека потпирачот за нозете обезбедува поддршка од 35 степени.
Гејминг креветот Bauhutte ќе биде достапен по цена од 480 долари, а оној со душек за игри ќе чини 670 долари. Со оглед на тоа дека сите играчи не се срамат да трошат огромни суми пари за нивното задоволство во игрите, овој кревет би требало веднаш да се најде на нивниот список со желби.