Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / „Газпром“ се откажува од клаузулата “take or pay”?

„Газпром“ се откажува од клаузулата “take or pay”?

gaz
Водечкиот руски производител на природен гас „Газпром“ размислува за промени во формата на договорите, со цел да ги задржи европските купувачи со случај Запад да ѝ наметне санкции поради Украина. Повикувајќи се на извори блиски на компанијата, медиумите објавуваат дека  начелото „земи или плати“, според кое купувачите мораат да платат за количините во договорот без разлика дали тие се испорачани, би можело да биде сменето.

Аналитичарите сметаат дека „Газпром“ веројатно нема да биде тешко погоден од евентуалните санкции. Компанијата задоволува една третина од потребите на Европа, и веќе е согласна за намалување на цените на своите главни клиенти, за да го задржи уделот на пазарот.

Извор: HRT

Испрати коментар

Scroll To Top