Насловна / Вести / „Гаспром“: испораките на гас кон ЕУ се стабилни

„Гаспром“: испораките на гас кон ЕУ се стабилни

gasprom

Портпаролот на рускиот „Гаспром“ денеска изјави дека испораките на гас кон Европската Унија се стабилни и дека нема информации за можно намалување на испораките.
Извор од оваа компанија изјавил дека Русија ѝ испорачува на Украина вообичаени количества гас. Москва неодамна ѝ даде рок на Украина до денес да плати барем дел од долгот за гас или ќе се соочи со редукции на испораките од овој енергент.
Русија, Украина и ЕУ се договорија да ги продолжат разговорите после синоќешните преговори кои се завршени без договор за цените на рускиот гас.

Испрати коментар

Scroll To Top