Руски Газпром за само еден долар стана целосен сопственик на Киргизгаз, а се обврза и да го покрие долгот на компанијата во висина од 40 милијарди долари, пренесува руски RТ. „Газпром“ го склучи договорот со единствениот снабдувач на гас во Киргистан – „Киргизгаз“.
„Денеска е историски ден. Денеска потпишавме договор за целосна аквизиција на Киргизгаз и компанијата со тоа стана дел од семејството Газпром“, изјави генералниот директор на Газпром, Алексеј Милер. Преземената компанија ќе биде преименувана во „Газпром Киргистан“, по што се планирани инвестиции од најмалку 20 милијарди рубљи (околу 40 милијарди евра) во следните пет години.