Градоначалникот Тони Трајковски додели нови 112 Решенија за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на физички и правни лица.
Општина Гази Баба воведе повеќе технички мерки за подобрување на динамиката на решавање на предметите, преку тимовите формирани да постапуваат по барањата за легализација, кои се составени од вработени во општината и дополнително ангажирани волонтери.
Досега се решени околу 5.200 предмети од околу 16.000 поднесени барања за легализација од страна на граѓаните.