Славниот Жан Пол Готје е дизајнер кој е познат по тоа што постојано ги поместува правилата на играта, реформулирајќи ги класиците и играјќи се со контрадикторностите.
Како исконска легенда во светот на дизајнот и модата, овој дизајнер во текот на последните две децении често соработувал со разни производители на мебел. Во една соработка со францускиот производител на мебел Roche Bobois, Жан Пол Готје лансирал колекција на мебел инспирирана од спални соби, а последниве „Бен Хур“ фотелји дополнително ги додал на истата линија.
„Бен Хур“ фотелјите се инспирирани од римските кочии, имаат алуминиумска конструкција и стилски кадифен тапацир достапен во четири бои – жолта, црвена, сина и зелена боја.
Како и речиси секое парче мебел од Gaultier колекцијата, оваа фотелја има тркала, бидејќи дизајнерот смета дека неговиот мебел треба да се заснова на идејата за дополнителна мобилност, која им овозможува на луѓето да ги преместуваат своите предмети од една соба во друга.
Со изглед кој едвај да личи на удобен мебел, оваа фотелја може да биде совршен додаток за секоја канцеларија или дневна соба, давајќи им на луѓето можност за простор опремен со специјални акценти и речиси сигурно е дека ќе го привлече вниманието.