Насловна / Вести / „Гаспром“ со сериозно намалени приходи

„Гаспром“ со сериозно намалени приходи

gazprom
Рускиот гасен монопол „Гаспром“, обелодени дека има сериозно намалени приходи, поточно, EBITDA на компанијата паднала за повеќе од 40%. На ваквата состојба влијае и нерешениот конфликт со Украина. Енергетскиот гигант  ја намалил продажбата на гас за сите купувачи, вклучувајќи ги и земјите од Европската Унија, од поранешните републики на СССР, како и за потрошувачите од Русија. Обемот на гас за европските потрошувачи се намалил од 126,8 на 122,5 милијарди кубни метри. Во поранешните републики од Советскиот Сојуз испораките паднале од 42,2 на 36,7 милијарди кубни метри, а кај руските потрошувачи од 170,8 милијарди на 157,9 милијарди кубни метри гас.

Испрати коментар

Scroll To Top