Насловна / Вести / „Гаспром“ се закани дека ќе ги запре испораките на гас преку Украина

„Гаспром“ се закани дека ќе ги запре испораките на гас преку Украина

gasprom

Русија во целост ќе прекине со испорака на гас за Украина во рок од два дена доколку Киев не плати за долговите. Тоа може да предизика и транзитен ризик за Европа, се вели во соопштение на „Гаспром“.

Директорот на „Гаспром“ Алексеј Милер вели дека Украина не платила за гас испорачан во март и моментно повлекува се што може од платените залихи, со што сериозно ризикува укинување на испорака на гас.

Од претходно уплатениот аванс останале пари само за 219 милиони кубни метри гас. ­

– Потребни се два дена за да стигне уплатата на „Нафтогас“ на сметка на „Гаспром“. Поради тоа испораката на 114 милиони кубни метри гас за Украина ќе предизвика целосен прекин на испораката на руски гас веќе за два дена. Тоа ќе предизвика и сериозен ризик за транзитот за Европа, – наведува Милер.

Испрати коментар

Scroll To Top