Насловна / Вести / „Гаспром“ ги затвори вентилите!

„Гаспром“ ги затвори вентилите!

Komsomolskij.

Утрово истече крајниот рок до кој Русија очекуваше од Украина исплата за преземените количества природен гас. Заради неплатен долг од неколку милијарди евра, во 10 часот по московско време, руски „Гаспром“ за украински „Нафтогас“ воведе авансно плаќање за гасот.

Тоа практично значи дека во иднина Русија нема да испорачува гас за Украина, доколку тој не биде претходно платен.

Истовремено, „Гаспром“ пред Столкхолмскиот суд го тужи „Нафтогас“ за неплатен долг од 4,5 милијарди долари.

„Одлуката е донесена заради хроничното неподмирување на обврските за испорачан гас од страна на „Нафтогас“-Украина. Компанијата должи 1,451 милијарди долари за ноември и декември минатата година, како и 3,007 милијарди долари за април и мај годинава“, се наведува во соопштението на рускиот гигант.

Во меѓувреме, гасот за европските потрошувачи се испорачува во полн обем, вели официјалниот претставник на „Гаспром“ Сергеј Купријанов.

Сепак, спорот меѓу Киев и Москва создава неизвесност за испораките на природен гас кон Европа, кои во најголем дел одат преку Украина.

Еден коментар

  1. не е гаЗпром?

Испрати коментар

Scroll To Top