Транс Јадранскиот гасовод (TAP – Trans Adriatic Pipeline), веќе ги мина планините во Албанија, па е на најдобар пат следната година да започне со испораки на гас за Европа. Протегајќи се во должина од 878 km, од турската граница низ Грција, Албанија и Јадранското море до Италија, ТАП е еден од столбовите на политиката на ЕУ за енергетска сигурност.
По таа рута, од следната година ќе се транспортираат до 10 милијарди метри кубни природен гас годишно од полето Шах Дениз II во Азербејџан. Од вкупниот трошок за ТАП во износ од 4,5 милијарди евра, само делницата низ Албанија чинела околу 1,5 милијарди евра, поради тешкиот терен. Гасоводот дури 19 пати минувал низ реки, од кои 8 пати низ реката Семан. Градежните работи понекогаш биле запирани, за да им се овозможи на птиците да ги изградат своите гнезда, согласно правилата за заштита ан животната средина.
Во меѓувреме, во Италија се работи на изградба на приемен терминал и копнен цевковод, а Грција и Бугарија започнуваат со работите на интерконекцијата.