Турскиот претседател Ердоган по средбата со својот азербејџански колега Алиев, објави дека гасоводот TANAP, кој во Турија ќе донесе азербејџански гас, ќе започне со работа веќе на почетокот на јуни годинава, односно пред договорениот рок. Овој гасовод долг 1850 km до Турција ќе донесе 6 милијарди m3 природен гас од азербејџанското поле Шах Дениз 2, а за регионов е особено важен бидејќи на него се надоврзува гасоводот TAP (Трансјадрански гасовод), кој треба да го донесе азербејџанскиот гас до италијанскиот пазар, преку Грција и Албанија. Во овој случај, се располага со количество од 16 милијарди m3 природен гас годишно, односно 10 милијарди m3 за Европа. Како и да е, се работи за први количества природен гас кои во Европа ќе стигнат преку гасовод, а кои нема да потекнуваат од Русија. Ова е особено важно за поголема стабилност и сигурност на европскоиот пазар за гас, каде со удел од 65% доминира руски Газпром.