Германската енергетска групација RWE повторно подготвува за пуштање во погон две гасни термоцентрали како дел од планот за производство за претстојната зима. Се работи за термоцентралата Weisweiler со вкупна инсталирана моќност од 200 MW и термоцентралата Gersteinwerk – G, со вкупна инсталирана моќност од 355 MW. Првата термоцентрала ќе биде на располагање додека е потребно, а втората до крајот на март 2018. Уште пред неколку месеци RWE ги одложи своите планови за привремено конзевирање на термоцентралата Moerdijk 2 со моќност од 430 MW во Холандија, барем до крајот на првиот квартал во 2018 година.
По напуштањето на јагленот и експанзијата на обновливите извори, сепак ова е знак дека природниот гас е сигурен енергент за покривање на базните оптоварувања, и има три пати пониски емисиии на стакленички гасови во споредба со јагленот.