Насловна / Екологија / Гасификацијата го намалува загадувањето, но кај нас користењето на гасот стагнира

Гасификацијата го намалува загадувањето, но кај нас користењето на гасот стагнира

Gasovod

Иако се смета дека гасификацијата многу би придонела за намалување на загаденоста на воздухот во земјава, овој процес стагнира со години. Крајот на оваа година беше најавен како рок кога требаше да се гасифицираат првите станбени и комерцијални објекти во скопскиот регион. Проценките беа дека до 2020 година сите домаќинства во земјава освен струја, ќе го имаат и природниот гас како алтернатива за затоплување.

На изградбата на мрежата во источниот и западниот регион ќе се чека втора шанса за гасификација, откако пропадна првиот обид за изградба на дистрибутивната мрежа, бидејќи компанијата што се јавила на тендерот не ги исполнила условите. Во меѓувреме, Собранието по итна постапка го донесе законот за задолжување тежок 90 милиони евра од Ерсте банк и Дојче банк, пари што треба да се користат за финансирање на делниците Штип-Неготино-Битола и Скопје-Тетово-Гостивар.

Екологистите, и покрај стагнацијата на изградбата на гасификацијата во земјава, тврдат дека употребата на природниот гас само за загревање на домовите би го намалила загадувањето за најмалку 30 до 40 отсто.

– Ефектите би се виделе веднаш во индустријата, домаќинствата што би се преориентирале на загревање на гас што е многу поодржлив концепт. Би се намалила сечата на шумите – процес кој ќе влијае на чистење на воздухот, а би имало и низа други погодности. Со еден збор може да се каже дека природниот гас е лек за состојбата со загадувањето. Дополнително ако и транспортот се преориентира на биогас, секако би можеле да говориме за активно намалување на загаденоста. Но како што реков, се е тоа добра замисла и идеја, бидејќи практиката покажува нешто друго. Гасификацијата стагнира, нема некоја поголема преориентација на биодизел, а се уште се возат стари возила кои не ги исполнуваат еколошките услови. Да не зборуваме за големите загадувачи – вели претседателот на еколошкото друштво „Вила Зора“, Ненад Коциќ.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top