Владата на седница одлучи да ja прекине постапката за измена на Планот за управување на Националниот парк Галичица, согласно препораките на УНЕСКО. Тоа значи дека овој Национален парк и натаму останува заштитено светско наследство на листата на УНЕСКО, соопшти владата.
Иницијативата за измена на Планот за управување на Националниот парк Галичица беше покрената од страна на претходната влада, со цел во заштитените зони да се овозможи изградба на експресен пат, ски центар и три развојни туристички зони, за што се одржаа неколку јавни расправи. Токму овие планови беа нотирани од УНЕСКО како сериозна опасност охридскиот регион да биде ставен на листата на загрозени подрачја.