Лондонската галерија Serpentine го прослави своето ширење со лансирање на парфем заедно со брендот Comme des Garçons. Во градините на Кенсингтон отворен е нов павилјон на галеријата Serpentine Sackler, проект на Заха Хадид.
Настанот послужи како повод за лансирање на парфем Serpentine во соработка со Comme des Garçons. Според идејата, парфемот со својот мирис треба да изрази искуство на посета во галеријата и паркот, и тоа на невообичаен начин – со миризливи ноти од кедар, трева, лисја и асфалт.
Со причина, за да го прикаже контрастот на паркот во кој се наоѓа галеријата и мегаполисот како што е Лондон. Друга интересна работа е дека шишето е дизајнирано од страна на позната британска уметница Трејси Емин.