Неодамна во престижната лондонска галерија Getty Images била отворена изложба насловена Year in Focus, на која биле презентирани 60 фотографии по коишто ќе се памети 2014 година.
Според организаторите, фотографиите со сериозен и трагичен предзнак доминираат над убавите и позитивни настани. Сириската граѓанска војна, воените настани во Украина, ширењето на вирусот ебола, протестите во Америка… , тоа е само дел од негативните случувања низ целиот свет по коишто ќе се сеќаваме на 2014 година.
Новата „Гети“ изложба не можела да ги игнорира лошите работи што се случиле минатата година, но сепак кустосите на поставката успеале да ја избалансираат со фотографии на коишто се „фатени“ спортски победи, доделувања на награди, настапи на врвни музичари, прекрасни пејзажи и други фотографии кои го подигнуваат расположението.