На олимписката планина „Галериа“, во Босна и Херцеговина, во подножјето на најпознатата патека, се наоѓа „Галериа“, објект кој, според желбата на креаторите, е осмислен да стане нов концепт на home spa и ски-ресторан, кој ќе биде место за уживање за вистинските хедонисти и љубители на зимските спортови.
Престижната локација нуди поглед на скијачката патека и гондолата Пољице, а самата архитектура, потпишана од Мерсиха Кариќ од бирото Stilisctica, била дефинирана од самиот почеток: модерни и иновативни решенија кои се комбинација на ентериерот, потпишана од бирото А4 Студио, и екстериерот, и апсолутно ненаметлива зграда која е изградена со материјали со највисоки стандарди.
Апсолутна транспарентност на ресторанот
Преку самиот процес на проектирање, идејата јасно го следела принципот дека ресторанот на приземје и на кат, со отворен план, е апсолутно транспарентен за околината каде што чувството на внатрешниот и надворешниот простор проникнува и создава уникатен амбиент.
Композицијата на архитектурата е ускладена со топографијата со цел да се овозможи непречен поглед на околниот пејзаж кој се инфилтрира во внатрешниот простор на ресторанот, објаснува Мерсиха Кариќ.
Апартманите се со сауни, повеќе бањи и минимум три спални соби.
Заедничката простор е во фокусот на амбиентот и е концентрирана околу просторот за седење, т.е. камини со отворен поглед на скијачките патеки или шумските предели.
Вертикалните панели на горниот дел од објектот се поставени на челични носачи и даваат различна атмосфера во зависност од климата и годишното време, а во исто време ја интегрираат зградата со околниот природен пејзаж.
Со цел „Галериа“ да биде комплетна во однос на естетиката, функционалноста и гостопримството, најдобрите готвачи и познавачи на вино создаваат извонредно мени, каде се допираат традиционалната кујна и модерните гастрономски специјалитети.