Насловна / Вести / „Галатасарај“ ја гради најголемата соларна електрана на светот на покрив од стадион

„Галатасарај“ ја гради најголемата соларна електрана на светот на покрив од стадион

Enerjisa Enerji и спортскиот клуб „Галатасарај“ потпишаа спогодба за инсталирање на фотоволтаична постројка со инсталирана моќност од 4,1MW, која ќе биде најголема во светот од овој вид , односно на еден стадион. Инвестицијата се проценува на 2,3 милиони евра.

galatasaray1

Enerjisa и „Галатасарај“ ќе ги постават фотоволтаиците на спортскиот комплекс  Ali Sami Yen Turk Telekom Arena, со цел овој објект да може да обезбеди електрична енергија за сопствена потрошувачка.  Повеќе од 10.000 соларни панели на 40.000 квадратни метри, ќе бидат потребни за инсталирањето на најголемата во светот соларна централа на стадион. Во моментот титулата му припаѓа на Бразилскиот национален стадион, порано познат под името Garinčha, чија соларна елекѕрана има капацитет од 2,5 MW.

galatasaray2

Соларната електрана ќе биде изградена во согласност со модел за енергетските перформански. Инвестицијата ќе ја финансира Enerjisa Enerji, која ќе обезбеди и одржување во наредните 10 години, а „Галатасарај“ ќе ја купува произведената енергија. По истекот од овие 10 години, сопственоста на електраната ќе премине во рацете на клубот.

galatasaray3

Испрати коментар

Scroll To Top