Магистралниот гасовод од Деве Баир (Жидилово) до Скопје се соочува со корозија на седум локации и на него му е неопходна поправка. Акционерското друштво ГА – МА од Скопје веќе го објави тендерот за избор на компанија што ќе ја врши санацијата. Репарирањето на магистралниот гасовод е предвидено да се заврши до 1 септември 2018 година.
Магистралниот гасовод Деве Баир – Скопје со должина од 98,2 километри е единственото гасоводно поврзување на нашата земја, односно единствен извор за снабдување со гас.. Овој систем за пренос на гас е дел од рускиот транзитен гасовод што минува низ Украина, Романија и Бугарија.