Одлуката на Г7 да воведе горна граница на цената на нафтата од Русија е де факто признание дека воведените санкции не функционираат по планот.
Според податоците на Меѓународната агенција за енергетика, извозот на руска нафта е благо намален – од 8 милиони барели дневно на 7,4. Оваа разлика, меѓутоа, се компензира со значително зголемување на цената на нафтата на светскиот пазар. Токму поради оваа компензација на цената на нафтата, санкциите за купување на руска нафта ја изгубија смислата. Затоа, членките на седумте најразвиени земји одлучија да воведат горна граница на цената на руската нафта, за од една страна санкциите да имаат смисол, а од друга страна, да не го запрат протокот на многу потребната руска нафта низ Европа.
Меѓутоа, воведувањето на горната цена на руската нафта зависи и од Русија, која може да ја разгледа можноста да го прекине снабдувањето со нафта за членките на Г7 и да се сврти кон оние земји кои не воведоа санкции или ембарго на руските енергенти, како што се Кина, Индија и Индонезија.
Па така вчера руски Гаспром и Кинеската национална нафтна корпорација (ЦНПЦ) потпишаа договор за преминување на плаќање за испорака на рускиот гас на Кина во јуани и рубљи, наместо во долари, саоопшти вчера рускиот гигант.
Извршниот директор на Гаспром Алексеј Милер изјави дека овозможувањето плаќања во руски рубљи и кинески јуани е од взаемна корист за Гаспром и ЦНПЦ, пренесува Ројтерс.