Европа со години ќе биде оптоварена со зависноста од рускиот гас, заклучија министрите за енергетика на групата седум индустриски најразвиени земји Г7 на состанокот во Рим, осудувајќи го користењето на енергијата како средство за политички притисок. Министрите ветуваат дека ќе ја подобрат енергетската ефикасност, ќе развијат поширока мрежа за снабдување со енергија, вклучително и течниот природен гас (LNG), обновливите извори на енергија и новите гасоводи, но и дека ќе ги развијат и зајакнат постојните инфраструктури за снабдување.