Насловна / Архитектура / Фузија помеѓу старото и новото. Blue Bottle Coffee во Шангај

Фузија помеѓу старото и новото. Blue Bottle Coffee во Шангај

Во доцниот 19-ти век, Џанг Јуан, најпознатата градина во Шангај, стана еден од првите комерцијални и јавни простори во модерна Кина, што претставува пример и предводник на новиот кинески урбан начин на живот. Во 2022 година, по повод повторното отворање на Џанг Јуан за јавноста по целосната рехабилитација на неговите историски градби, од Шангајското архитектонско студио Нери &Ху беше реализирана кафетеријата Blue Bottle, како пулсирачки комерцијален простор во една од старите резиденции од типот на Шикумен. Кафетеријата несомнено ја овозможува врската помеѓу богатата историја на Шангај и современото урбано општествено царство.

2 1 3 5

Помеѓу архитектонските реликвии на Џанг Јуан, каде што се наоѓа колективната меморија на градот, може да се замисли оваа сцена опишана од кинескиот писател Му Ксин: како мали ракови кои пикаат во и надвор од нивните песочни засолништа, луѓето се расфрлаат низ засенчените улички. Шангај на зајдисонце. Во оваа огромна мрежа на патеки, додека вообичаено луѓето итаат кон секојндевниот градски метеж, Шангајците секогаш ги ценеле моментите на слободно време. Neri&Hu со проектот се потруди да го долови, токму тоа (духот на локалното урбано ткиво) и ќе исткае наративно патување кон кое ниту локалното население, па ни посетителите нема да може да останат рамнодушни.

Поради историските насоки за зачувување, ѕидната маса од тула, второстепената пластика на оригиналните архитектонски фасади и атриуми се оставени недопрени, несвесно претворајќи  ги во континуирана позадина за вметнување нови фасадни елементи. Центарот на просторот означува, симбол на враќањето кон градителското потекло на архитектурата; тоа е местото каде што кафето се подготвува и служи, и тоа ја сочинува визуелната и циркулаторната фокусна точка на проектот. По должината на надворешниот ѕид на старата зграда, долг коридор ги поврзува главната улица со атриумите. Во овој простор кој личи на уличка во зградата се сместени неколку клупи и мали маси до прозорците и ѕидовите, како знак на лежерните социјални моменти од животот на Шикумен.

10 8 6 7 12 9

За разлика од постоечката архитектура, Neri&Hu прецизно ја проучува структурата и нејзината тектоника, за да ја направат што е можно полесна. Кровната конструкција е од брусен нерѓосувачки челик, додека површината на покривот е изработена од перфориран и заоблен челик, материјали кои суптилно и дифузно ја рефлектираат околината. Neri&Hu, исто така, е инспирирано од неформалната конструкција и едноставните додатоци што луѓето некогаш ги користеле за да ги прошират своите приватни простори во уличката, така што металните шипки и малите платформи се додадени на постоечките структурни столбови за да функционираат како светлосни шипки, помошни маси, клупи и изложувачи на предмети. Покрај дизајнерските парчиња мебел, проектот содржи избор на пренаменет традиционален антички мебел, на кој трагите од времето даваат чувство на топлина и блискост, спојувајќи ги старото и новото, Blue Bottle и Шангај.

15 16  14

 

Испрати коментар

Scroll To Top