Холандското архитектонско биро RAAAF работи на проекти кои се наоѓаат меѓу архитектура, уметност и наука – но нивниот најнов проект повеќе личи на sci-fi засолниште од филмовите на Бетмен.
Наречен „Тајна операција 610“, овој футуристички монтажен брод може полека да се смести на која било сакана локација. Создаден во соработка со бирото на Frank Havermans Studio, тој функционира како истражувачка станица за проучување на природата, технологијата и авијацијата.
„Тајна операција 610“ потсетува на стелт авион, но е целосно креиран да се движи по земја. Изграден во рамките на старата воена база Soesterberg, неговиот монструозен дизајн ја оживува мрачната атмосфера на Студената војна на некој чуден начин. Засолништето користи запуштена писта за тест возење, која се одвива на гасеници во многу бавен ритам. Внатре можат удобно да се сместат 12 луѓе.