Во светот на спортот се зборува дека Саудиска Арабија би можела да биде домаќин на Светско првентсво во фудбал веќе во следната декада. Според неодамнешните извештаи, земјата веќе започнала со подготовки за првенството во 2034 година, а во центарот на вниманието е импресивниот развоен проект „Неом“, сместен на североистокот на земјата. Иако постоеле планови за заедничка организација со Египет и Грција во 2030 година, изгледа дека Саудиска Арабија одлучила да тргне самостојно. Едно од предложените места за одржување на натпреварите е Неом, чиј ски центар е веќе избран за домаќин на Зимските игри во 2029 година.
Интересно е дека и покрај високите температури, постои можност турнирот да се одржи преку летото, така што ќе се лоцира во пределите со поумерена клима. Но, не е исклучена ниту опцијата турнирот да се одржи во зима, по примерот на Катар 2022. Секако, организацијата на ваков настан не е без предизвици. Покрај логистичките и инфраструктурните прашања, Саудиска Арабија веројатно ќе се соочи со критики поради прашањата на човековите права, слично како и Катар. Сепак, Саудиска Арабија покажува сериозна посветеност на спортот, доведувајќи светски познати фудбалери и инвестирајќи во спортски нaстани. Нивната амбиција да станат центар на светскиот спорт е јасна, а организацијата на Светското првенство би можело да биде круна на тие напори.