Насловна / Архитектура / Футуристички станбен блок во Амстердам

Футуристички станбен блок во Амстердам

Manuelle Gautrand проектирал станбен блок со мешовита намена од 400 единици за футуристичкиот кварт Hyde Park во Амстердам. Во рамките на блокот се наоѓаат девет тематски згради кои се организирани околу уредено централно јадро. Ги карактеризира различен волумен, боја и височина. Секоја зграда е единствена и направена е од различни материјали. Проектот се базира на идејата на селото, и се стреми кон остварување на амбициозни цели во облата на животната средина, истовремено анимирајќи ги стручњаците повторно да размислат за идејата за урбан живот. Секоја зграда во рамките на новиот блок е со поинаков архитектонски концепт и интегрира низа нови примени. Проектот треба да биде завршен во 2022 година.

gautrand1

gautrand3

Испрати коментар

Scroll To Top