Еден од најамбициозните архитектонски проекти во светот, градот што плови на вода, наскоро би можел да стане реалност.
Нацртите за овој футуристички град ги направи компанијата AT Design Office со седиште во Лондон, а за проектот е заинтересирана големата кинеска компанија China Transport Investment Co., која е спремна да ја тестира можноста за изградба на овој уникатен систем, соопштил главниот архитект на проектот Славомир Сиска.
Овој еко-град е замислен да се одржува сам, со производство на храна и соларна енергија на површината.