Луѓето што не се задоволни со својот изглед, сигурно не би сакале да извршат пластична операција во ординација која не изгледа „како што треба“. Така барем тврдат архитектите од студиото Iglo Arhitects, кои се потпишуваат зад проектот на клиниката New Age сместена на 12-ти кат на деловна зграда во Истанбул.
На 250 квадратни метри сместена е клиниката во која оперираат двајца хирурзи, кои сакале нивниот простор да изгледа современо и во согласност со професијата со која се занимаваат.
Ентериерот е модерен и оригинален, и на пациентите им овозможува чувство на сигурност и безбедност.
Користена е стандардна палета на бои за медицински установи: светлосина, сива и бела. Темносивата боја е избрана како боја на клиниката, која заедно со останатите бои се повторува во облик на ленти на ѕидовите и таваните.
Обликот на линија (би требало) да потсетува на чукање на срцето.