Во соработка со брендот L’Epee, компанијата MB&F создала футуристичка верзија на старински столен часовник. Станува збор за новиот Starfleet Explorer столен часовник, кој претставува унапредена верзија на нивната прва соработка која се случила пред шест години.
Спремен за полетување, овој челичен часовник иснпириран од вселенски брод, добил рачно лакирани акценти и ногарки во форма на буквата С. Во централниот дел, три помали анимирани вселенски истражувачи ги вртат двата диска на индикаторот кој покажува точно време.
Механизмот на овој модел има резерва на батеријата во траење од осум дена, а се навива рачно со помош на двостран клуч, кој исто така се користи за подесување на точното време. Како и да е позициониран овој часовник воодушевува со со својот фантастичен финиш. Покрај тоа, тој доаѓа со систем на заштита Incablock, што овозможува да го носите со себе каде и да одите и да не се грижите.
Starfleet Explorer е ограничен на само 99 парчиња, а неговата цена изнесува 10.700 швајцарски франци. Достапен е со сини, зелени и црвени акценти.