Насловна / Арт и дизајн / Футуристичка ротирачка скулптура на Кафка во Прага

Футуристичка ротирачка скулптура на Кафка во Прага

Уметничка инсталација, поточно глава на писателот Франц Кафка, која ја изработил контроверзниот чешки уметник Давид Черни, веќе некое време ја краси најфреквентната шопинг зона во Прага.kafka praga (1)

Симбол на книжевноста на 20 век, секако, е Франц Кафка, роден во Прага 1883 година. Опусот на Кафка, кој може да се подели во неколку вида (романи, раскази, афоризми, дневници и писма), ги врзува тематско, идеолошко и, би можело да се каже, спиритуално единство. На неговиот писателски труд, чест му оддаде и контоверзниот чешки уметник Давид Черни, кој во центарот на Прага постави предимензионирана ротирачка скулптура на глава од познатиот писател. kafka praga (4)

Тешко дури 45 тони, високо 11 метри и опкружено со низа огледални површини кои заеднички ротираат, ова уметничко дело го краси најфреквентниот шопинг центар на чешката престолнина. Интересната футуристичка уметничка инсталација, поставена е тука како потсетник на Кафкиниот впечатлив труд и дело, но и на не така лесниот живот.kafka praga (3)

Инаку, делата на Кафка ја прикажуваат сивата и банална секојдневица, како енигматска и алогична реалност исполнета со страв, во која ликовите, притиснати со чувство на вина и збунетост, постојано се изложени на опасност од бирократските сили. Тоа е посебно видливо во неговите романи „Процес“, „Замок“ и „Америка“, како и во низа кратки и долги раскази, меѓу кои се истакнува и оној најпознатиот, „Преобразба“.kafka praga (2)

Испрати коментар

Scroll To Top