Насловна / Архитектура / Футуристичка кула во Истанбул

Футуристичка кула во Истанбул

Неодамна е завршена телекомуникациска кула во Истанбул со впечатлив дизајн, со поглед на точката на поврзување меѓу Европа и Азија. Кулата е дизајнирана да ги издржи ударите на силниот ветер и топологијата на локацијата каде што се наоѓа, се наоѓа на рид. Станува збор за телевизиска и радио кула која е висока 369 метри, изработена од армирано-бетонско јадро, со извајана фасада и голем челичен јарбол на врвот.

Istanbul

Во рамките на кулата има двоспратен ресторан и точка на разгледување од која можете да ја видите целата област. Внатрешноста на кулата зафаќа 29 илјади квадратни метри, од кои повеќето се зафатени со технички простории недостапни за јавноста. Посетителите можат да пристапат до објектите во долниот дел во рамките на подиумот, кој е покриен со трева. Во него има фоаје, кафуле и изложбени простории. Оттука, стаклен лифт води кон горниот дел и точката на разгледување, што нуди поглед од 360 степени на Босфор и островот Принцови.

Istanbul1

Проектот за оваа кула го направи турската компанија Melike Altinisik Architects (МАА), чиј основач работеше за ZHA неколку години пред да ја отвори компанијата. Многумина ова го поврзуваат со уредување на ентериер, што е прилично футуристичко и потсетува на некои дела од Zaha Hadid Architects. Внатрешниот дизајн е развиен врз основа на фактот дека зградата вклучува уникатни простори кои нудат ново искуство. Главната цел е да се создаде врска со местото каде што се наоѓа со помош на светлината, природата и просторот, така што луѓето ќе можат да ја сменат својата перспектива и да бидат охрабрени да размислуваат поинаку.

Istanbul2

Иако изградбата е завршена, кулата нема да биде отворена за јавноста до доцна пролетва. Се проценува дека околу 4,5 милиони луѓе ќе ја посетуваат годишно.

Istanbul3

Istanbul4

Испрати коментар

Scroll To Top