Насловна / Арт и дизајн / Функционален светлечки објект како уметничка скулптура

Функционален светлечки објект како уметничка скулптура

Иконични, безвременски, дизајнерски класици се само дел од термините кои ги поврзуваме со осветлувањето и светлечките објекти кои се дизајнирале и креирале во втората половина на XX век.

Како одговор на големите општествено-социјални промени, последиците од војните и брзиот технолошки прогрес, дизајнот и уметноста во сите сфери од овој период се сметаат за едни од најреволуционерните изуми кои се сè уште многу актуелни и подлежат на голем број реплики и копии. Дизајнерите ги користат своите дотогашни познавања и вештини во областа, притоа имплементирајќи сосема нови естетски идеи, концепти и стилови кои имаат за цел формата, материјализацијата и функцијата да ги третираат на дотогаш нов и непознат начин, фокусирајќи се на модернизмот како естетска интроспекција. Голем број на уметнички правци се создаваат во рамките на овој период како: Arts and Crafts, Art Nouveau, Futurism, De Stiji, Bauhaus, Dada, чии основачи и творци се едни од најголемите и најзначајните имиња во уметноста денес. Како рекордери на времето, дизајнерските движења и компании од XX век се вушност реакција на машинската ера на општеството од 1920-тите почнувајќи со производство на дизајнерски парчиња под влијание на пронајдокот на масовно произведени материјали. Имено, претставуваме дел од светлечките објекти, поточно подни ламби кои се функционални уреди, а истовремено уметнички дела кои за прв пат биле произведени во тој период, а денес се присутни на полиците на концептуални продавници ширум светот, како и на медиуми поврзани со внатрешно уредување и декор.

„Taccia ламба“ – Achille и Pier Giacomo Castiglioni

Бренд: Flos

Година: 1962

1lampada-da-tavolo-a-led-taccia-small-nero

Кога зборуваме за класика чиј безвременски изглед е сè уште присутен во осветлувањето на поголемиот број актуелни, современи и луксузни ентериери, мислиме на Taccia подната ламба дизајнирана од Ахил и Пјер Џакомо Кастиљони, во далечната 1962 во градот Мерано, Италија за познатиот бренд Флос. Флос е италијански бренд кој потекнува од северниот дел на Италија, односно Бовезо и произведува светлечки објекти повеќе од пола век, создавајќи стилски новини кои секогаш одговараат на нивната функционалност, и кои не се само скапоцени елементи за мебел, туку се и вистински секојдневни предмети.

Браќата Кастиљони се познати по своите експериментални обиди и игри во областа на дизајнот, па така и инспирацијата за изгледот на Taccia доаѓа од идејата светилката да изгледа како да виси наопаку, а сепак да биде поставена на исправена површина.

Постаментот на ламбата претставува задебелена декоративна основа од анодизиран и екструдиран алуминиум, кој исто така може да биде фарбан и црн. Светлината се емитува преку големиот дифузер од стакло со конкавен рефлектор. Благодарение на тој ротирачки механизам, насоката на светлината може лесно да се контролира и приспособува. Ламбата Tacia е достапна и се произведува во неколку големини и завршници.

Achille_Pier_Giacomo_Castiglioni_1

За едно интервју во 1970 Achille Castiglioni изјавува: Ние Taccia ја сметаме за мерцедес од светилките, симбол на успех, можеби и затоа што наликува на класичен столб. При нејзиното дизајнирање не мислевме на престиж, туку на површина која ќе остане ладна“.
Браќата Castiglioni се смели пионери во својата област и наспроти Taccia, автори се и на многубројни познати светлечки  и функционални објекти како: Arco ламба, Lampadina. Gibigiana, Mezzadro-столот кои остануваат да сведочат за нивната авангарда и предвременост.

taccia

Atollo ламба – Vico Magistretti

Бренд: Oluce

Година: 1979

Ламбата Atollo е дизјан кој ги урива сите дотогашни стереотипи, создавајќи целосна револуција во дизајнот и она што дотогаш било замислено за тоа како треба да изгледа една подна ламба.

Дизајнирана од италијанскиот дизајнер Vico Magistretti во 1970 година, а произведена од брендот Oluce. Денес, Атоло е вистински архетип на подните ламби, моќна „светлечка скулптура“  која зрачи со елеганција и јасна геометриска линија на формите хемисфера, конус и цилиндар при што се создава совршен баланс и симбиоза на форма и функција. Цилиндричната потпора и топчестиот горен дел, односно хемисферата, се поврзани со толку тенок елемент што кога светилката е вклучена, горното капаче изгледа речиси како да лебди во воздухот.

Оригиналната ламба Atollo е произведувана и продавана во три различни големини и три различни завршници: бела, црна и златна.

3 atolo

Компанијата Oluce e oснована во 1945 година од Џузепе Остуни, и претставува една од најстарите италијански дизајнерски компании која произведува широк спектар на современо осветлување за домот и канцеларијата. Со повеќе од 70 години постоење, Oluce одигра голема улога за да се отвори патот за други брендови за осветлување, особено во однос на методите за концептуалното истражување и производство. Ова резултираше со ниво на меѓународно признание што ги привлече светски познатите дизајнери да придонесат за нивната колекција на светилки, вклучувајќи ги Џо и Џани Коломбо, Вико Магистрети и други.

ki

„Едноставноста е најтешката работа во светот“ – филозофска изрека од дизајнерот Вико Магистрети, која всушност и најдобро го опишува неговиот пристап кон уметноста и работата. Вико е роден во Милано, Италија, каде и го завршува своето образование на Факултетот за архитектура  во Regio Politecnico во Милано во 1939 година. Автор е на некои безвременски парчиња мебел и осветлување меѓу кои се ламбите Eclisse, Dalù  и Telegono за светскиот бреенд Artemide. Зад себе остава голем број на значајни меѓународни изложби, почести, колаборации и награди, вклучувајќи ја и престижната награда Golden Compass за Eclisse ламбата.

Во 1979 година, за ламбата Atollo на Вико му е доделена наградата Compasso d’Oro, најзначајнита и најпознатата награда во сферата на индустрискиот дизајн доделена за оригинално дело.

j

atollo

Flower pot VP3 ламба – Verner Panton

Бренд: &Tradition

Година: 1969

Flower pot ламбата е уште еден типичен пример од модерната со јасен и прочистен геометриски изглед кој оставил силен печат низ историјата. Уникатна и впечатлива по својата колоритност, серијата е дизајнирана од Verner Panton во 1969 година за данскиот бренд &Tradition.

verner panton

Она и по што е познат данскиот дизајнер и архитект Verner Panton e неговиот колоритен пристап и стил во дизјанот, како и пасија кон геометриските фигури и континуираниот интерес на игра со форми и бои. Дизајнот на мебел е во главниот фокус на неговото творештво, каде се вбројуваат едни од најлегендарните парчиња мебел – Cone Chair and the Panton Chair развивани со брендот Vitra. За неговата мултидисциплинарност зборуваат познати и наградувани светлечки објекти зад кои стои неговиот препознатлив печат, како цела серија Flower pot, Panthella ламба, Pantop ламба, но и во дизајнот на текстил и ентериери, во кои ги спојува своите најдобри дизајнерски дела создавајќи една совршена симбиоза на неговиот различен и креативен  опус.

0

Серијата Flowerpot е синоним на движењето Flower Power од доцните 60-ти. Со стремеж кон поотворен, модерен менталитет има за цел да промовира мир и хармонија. Серијата е составена од неколку различни модели, вклучувајќи три висечки светлечки објекти и два типа на подна ламба – сите во широк спектар на бои.

Телото на светлото се состои од три хемисфери кои се поврзани со тенок постамент изработени од лакиран метал, месинг или не’рѓосувачки челик.

o[p

nj

COBRA Ламба Elio Martinelli

Година: 1968

cobra

Кога размислуваме за иднината и како таа би изгледала во дизајнот, подната ламба Cobra на италијанскиот дизајнер Elio Martineli, од 1968 година е одличен пример за истото. Со својата футуристична и авангардна силуета сè уште плени и речиси никогаш не оставила никој рамнодушен.

cobra2

Навидум едноставна, ламбата има комплексна концептуална заднина и концепт кој смело ја задржува врската помеѓу формата и функцијата.

cob2

АВТОР: Ангела СТЕФАНОВСКА

 

Испрати коментар

Scroll To Top