Ова е стан-апартман за едно четиричлено семејство кое се наоѓа во дел од стар дворец во јужниот дел на Амстердам, Холандија. Оригиналната структура со соби за персоналот, двојна сала и долги ходници со многу врати се претвора во пространо, транспарентно живеалиште полно со светлина и воздух.
Кујната во комбинација со елементите од под до таван има предни панели кои се ласерски сечени и избоени со бел спреј. Овие шарки резултираат со динамичен микс на отворени и затворени елементи, додека дупките добиени со ласерско сечење служат исто така како интегрирани полици.
Транспарентноста на обвивката на објектите дава длабочина на волуменот, кој е дополнет со мебел како што е столицата Chair One на индустрискиот дизајнер Константин Грчиќ.
Атриумот со отворениот скалишен простор носи природно светло од големиот кров во дневниот престој. Долж отворените скали се ноаѓа ѕид кој служи како плакар, изработен од чисто борово дрво, а ги поврзува двете нивоа.
Горе, главната спална е сместена веднаш до голема бања, која е финиширана со структурирани плочки од Patricia Urquola, стаклени и дрвени елементи.