Култниот стар стадион на фудбалскиот клуб Атлетик од Билбао во шпанската област Баскија – Сан Мамеш, стар еден век, си замина во историјата. На истата локација Баскијците изградија нов стадион, во две работни фази, без да се прекинат спортските активности на постојниот.
Архитектите од бирото АСХТ особено внимание посветуваат на решението за пристапност кон стадионот и врската со околната урбана средина, во новиот дел на Билбао. Објектот освен спортски добива и општествени-градски содржини. Важен елемент за решавање на овој спој на спортот и секојдневието е фасадата изведена од повторувачки ЕТФЕ-закривени плочи, отворени кон околината. Ноќното осветлување одвнатре со моќно динамичко осветлување е особено спектакуларно.
Главниот прдизвик за сопствениците на стадионот и архитектите беше, како да се зачува магијата на амбиентот од стариот „храм на фудбалот“, за Баскијците култно место. По кажување на публиката, тоа е и надминато со новата градба, која на публиката и овозможува активен ангажман во играта. Таа „виси“ над теренот и врши додатен психолошки притисок врз играчите.
Вип условите на стадионот се обезбедени со премиум седишта, простор за одмор и преговарање и сл. Тука се и конференциските сали, ресторани, кафеа, трговските штандови и, се разбира, неизбежниот и пребогат музеј на клубот „Атлетик Билбао“. Капацитетот на новиот Сан Мамеш е 53.000 гледачи, 13.000 повеќе од историскиот претходник.
muy bien