Сите француски супермаркети, кои имаат површина од над 400 метри квадратни, ќе мораат да ја донираат непродадената храна во хуманитарни организации. Ова е пропишано со новиот закон во Франција кој ја регулира оваа проблематика, и веќе стапи на сила. Законот се однесува и на храна која има оштетена амбалажа, и која има поминат рок, но сè уште може да се користи. Од Францускиот црвен крст пак, не се премногу воодушевени од овој потег, бидејќи ќе им создаде проблеми во логистиката.
Во Франција секој граѓанин фрла од 20 до 30 килограми храна, што на годишно ниво вреди 20 милијарди евра. Според проценките на ОН, фрлањето храна во светот е голем проблем, бидејќи се фрла речиси една третина од храната.