Познатиот архитект Френк Гери ја дизајнираше својата прва јахта наречена „Foggy“, со помош на архитектот German Frers. Целата јахта е изработена од дрво и ќе се користи за сопствена употреба. Френк Гери својот првичен дизајн го дефинирал уште во 2008 година, следејќи го веќе познатиот стил на 86-годишниот архитект. Необичните отвори овозможуваат продирање на дневна светлина и нејзина рефлексија во необични шари, додека на самата палуба се поставени вдлабнати простори за седење.