Архитектот Френк Гери, дизајнирал проѕирен часовник за луксузниот бренд Louis Vuitton.
Наречен Tambour Moon Flying Tourbillon Poinçon de Genève Sapphire Frank Gehry, часовникот има брановирано куќиште од сафир што произлегло од архитектурата на Гери.
Куќиштето на часовникот, бројчаникот, круната, навртките и стрелките на часовникот се исечени од еден блок сафир тежок 200 килограми.
Бројчаникот е изгравиран со брановидна форма што ја евоцира архитектурата на стаклената фасада на продавницата Louis Vuitton Maison Seoul и форма налик на едрото на Фондацијата Louis Vuitton во Париз.
За да ги одреди брановите на лицето на часовникот, Гери стуткал зголемена слика од часовникот.
„За да го дестилира овој моќен, но проѕирен потпис – поетска алузија на движењето на едрата на бродот – архитектот испечати голема фотографија од Tambour Moon Saphir од 2022 година и ја стутка хартијата за да го создаде бројчаникот на новиот модел“, рече Louis Vuitton.
„Повторувајќи го стаклениот брод што го изгради за фондацијата Louis Vuitton, Гери создаде мини-структура во форма на часовник што ги пружа истите впечатоци на транспарентност и длабочина, но во минијатурен размер“.
Според брендот, за секој од бројчаниците за петте ограничени изданија на часовници биле потребни 250 часа за рачна изработка.
„Беа потребни 250 часа за да се изработи само бројчаникот – еден од најтешките досега направени од La Fabrique du Temps Louis Vuitton и вистинска минијатурна скулптура, не подебела од лист хартија“, велат од брендот.
„Занаетчиите рачно го клесаа сафирот – со кој тешко се работи – оживувајќи ги облиците и релјефите што ги нацрта Френк Гери за да ги повторат неговите архитектонски дизајни“.
Проѕирниот бројчаник и куќиштето се дизајнирани за да овозможат механизмот на часовникот, кој е изработен од розово злато и челик обложен со родиум, биде целосно видлив. На задната страна изгравиран е потписот на Гери.