Славниот архитект Френк Гери дизајнира нови канцеларии за социјалната мрежа Фејсбук кои се планирани за во Лондон и Даблин. Френк Гери започна да работи со Фејсбук минатата година на дизајнот на новиот Silicon Valley campus, а сега со компанијата ќе работи на замена на постоечките седишта во метролопите на Велика Британија и Ирска. Новото седиште во Лондон ќе биде сместено на три спрата во објектот на 10 Brock Street – дел од Regent’s Place. Со површина од 8000 квадратни метри, новата канцеларија ќе има двојно поголем простор од постоечкото седиште што се наоѓа на Covent Garden адреса, и ќе биде во истата зграда каде што е седиштето на конкурентската социјална мрежа Твитер. „Нашиот нов дом ќе ни овозможи простор за двојно зголемување на бројот на луѓето кои ќе работат во „Фејсбук Лондон“, а тој се подигнува врз сето она што го постигнавме во изминатите неколку години “, изјави Никола Менделсон европскиот извршен директор на Фејсбук за Evening Standard.
Исто така, персоналот на „Фејсбук Даблин“ ќе биде преселен во Grand Canal Square, во новите простории од 11.000 квадратни метри, а кои овозможуваат капацитет за 1000 вработени.
Френк Гери, кој во јавноста меѓу другото е познат по монументалните градби како што се Guggenheim Museum во Билбао и Walt Disney Concert Hall, исто така, е дизајнер и на канцеларија во Њујорк за инженерскиот тим на компанијата Фејсбук.