Насловна / Вести / Франс Тимерманс за „Гардијан“: Со климатската криза на децата им се закануваат војни за храна и вода

Франс Тимерманс за „Гардијан“: Со климатската криза на децата им се закануваат војни за храна и вода

Потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс предупреди дека социјалната и климатската политика треба да се координираат со цел рамномерно распределување на товарот и придобивките од создавањето „зелена економија“. Во спротивно, светот би можел да се соочи со бунт на луѓе кои стравуваат од губење работа и приход, поттикнат од популистичките политичари и индустријата за фосилни горива.

1-climatechange

„Тоа е многу сериозен проблем што треба итно да го решиме. Треба да ја трансформираме нашата економија таму каде што ќе имаме огромни предности, но и предизвици. Но, најголемата закана е социјалната и ако не ја решиме, нашите деца ќе војуваат околу вода и храна. Нема сомнеж во тоа“, рече Франс Тимерманс.

Справувањето со климатските промени ќе биде многу пати поевтино од хаосот што ќе го предизвика глобалното затоплување. На овој начин, можеме да го зачуваме здравјето и благосостојбата на населението, а покрај тоа, во последниве години бевме сведоци на голем пад на цената на обновливите извори на енергија што ни помагаат на патот. Сепак, напуштањето на фосилните горива ќе значи крај на некои традиционални работни места како рударството, а трошоците за промени нееднакво ќе влијаат на различните делови од општеството, ако светските политичари не го спречат тоа.

klima3

„Ние сме во голема опасност да се приклучиме на групи на интереси кои не сакаат промени затоа што се загрозени нивните работни места и заработка, без разлика дали станува збор за фосилни горива или за традиционални економски кругови“, изјави Тимерманс за „Гардијан“.

„Овие интереси се комбинираат со стравот од негативни социјални последици. Тогаш би можеле да добиеме ситуација кога луѓето ќе почнат да се плашат од промени затоа што мислат дека нема да им донесат ништо добро. Луѓето кои се свесни за неопходноста од брзи промени треба да го направат социјалното прашање клучно во сето ова. Затоа ги повикувам сите поддржувачи на климатското движење да се фокусираат на социјални теми, многу повеќе отколку што правеа во минатото. Затоа што тоа прашање може да стане најголемиот камен на сопнување“, нагласува Тимерманс.

IMG_20210227_134626

Тој предупреди дека жртвите од постарата генерација ќе бидат потребни за да им овозможат на младите луѓе безбедни климатски услови. „Денешните постари луѓе беа жртви на претходната генерација и сега се повикани сами да ги направат промените“, рече потпретседателот на Европската комисија.

Промените во секојдневниот живот ќе бидат тешки, но придобивките ќе ги почувствуваат денешните деца“, додаде Тимерманс. Ова е огромен предизвик за политиката. Но, треба повторно да најдеме цел во животот – да направиме нешто добро не за нас самите, туку за другите, што мислам дека отсекогаш водело кон подобро општество.

Предупредувањето на Тимерманс ја одразува растечката загриженост кај експертите за клима дека политичарите не успеаја да ги насочат луѓето кон придобивките од нискојаглеродно општество, кое вклучува почист воздух и вода, удобни градови за живеење, повисоки нивоа на јавно здравје и општа благосостојба и ублажување на кризата од климатските промени. Многу политичари го претставија справувањето со климатските промени како трошок, поради што многу луѓе стравуваат за своите работни места и приходи. Тимерманс признава дека промените ќе следуваат и за работниците во традиционалните индустрии, но улогата на политичарите е да им го олеснат тоа, а клучна треба да биде преквалификацијата на работниците во индустриите на фосилни горива и електрична енергија.

klima1

Не бараме од луѓето да се вратат во ситуациите во 1930-тите, не бараме од луѓето да живеат во пештери. Потребни се можеби еден или два чекори назад за да можеме да скокнеме многу подалеку во иднината, додава тој.

Да потсетиме, ЕУ ја постави својата климатска цел за намалување на емисиите на стакленички гасови за најмалку 55 отсто ​​до 2030 година во споредба со нивото од 1990 година. Ова е една од најтешките климатски цели на патот кон постигнување климатска неутралност до 2050 година, иако преговарачите бараа намалување од 60 отсто.

Тимерманс рече дека не е можно понатамошно зголемување на целта за намалување на емисиите, но побара од земјите членки на ЕУ да дадат повеќе пари за финансирање на заштитата на климата – помагајќи им богатите на сиромашните земји да ги намалат емисиите и да се справат со ефектите од климатската криза.

klima4

Испрати коментар

Scroll To Top