Насловна / Вести / Французите ќе добиваат субвенции и до 10.000 евра за купување на електрично возило

Французите ќе добиваат субвенции и до 10.000 евра за купување на електрично возило

zelen avtomobil
Франција експериментира со разни идеи за намалување на загадувањето на воздухот од сообраќајот, почнувајќи од парични стимулации за возење на велосипед, до изградба на нови велосипедски и пешачки патеки. Новата иницијатива, претставена од бившата кандидатка за претседател, а сега министер за екологија Сеголен Ројал, нуди субвенции за ослободување од старите дизел автомобили (постари од 13 години). Износите се поприлични и достигнуваат и до 10.000 евра за купување на електрично возило, или до 6.500 евра доколку се избере хибрид. Покрај тоа, доколку дизел возилото се замени со возило кое ги исполнува еуро 6 стандардите и емитува помалку од  110 g CO2/km, се добиваат дополнителни 500 евра.

zagaduvanje francija protiv
Познато е дека дизел возилата емитуваат значително повеќе цврсти честички отколку бензиските мотори. Во овој контекст и градоначалничката на Париз, Ан Идалго, има амбициозна цел до 2020 година целосно да ги отстрани дизел возилата од градот.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top