На само 140-тина дена до затворањето на Олимписките игри во Париз, некои од бронзените медали што им беа доделени на спортистите во француската престолнина изгледаат како да се од 1908 година, а не од 2024 година.
Всушност, да беа од 1908 година и денес немаше да изгледаат вака.
Француските пливачи Клемон Секи и Жоан Ендоје-Бруар, малку во шега, а малку вистина, на своите следбеници на социјалните мрежи им се пофалија со фотографии од нивните бронзени медали од најважниот турнир во светот на спортот, на кои јасно се гледаат рапидни трагови на „стареење“.
„Крокодилска кожа“, напиша Секи, а Ендоје-Бруар одговори со фотографија од неговиот медал и коментар: „Париз 1924“.
Не е тајна дека златните медали во текот на векот на постоење на Игрите „паднаа“ од сто на само еден процент злато, со кое што практично се прелива сребрениот медал, но се покажа дека Французите годинава успеаја да го намалат квалитетот и на бронзените медали.
Таа традиционално се лее од легура на бакар, цинк и калај, но во одреден процент од секој од трите метали, за да го издржи тестот на времето и неизбежната корозија поради влагата во воздухот. Меѓутоа…
Она што со поедини бронзени медали од изминатите децении се случуваше подоцна, за оваа францускава беше доволно нешто повеќе од четири месеци…
„И понатаму е медал“, коментира еден од освојувачите.