Насловна / Вести / Французи ќе инвестираат 200 милиони евра во Косово?

Французи ќе инвестираат 200 милиони евра во Косово?

Brezovica_pistemap

Косовскиот премиер во заминување Хашим Тачи најави инвестиција вредна над 200 милиони евра за Брезовица, со што таа ќе стане најголем скијачки центар на Балканот. По престојот во овој зимски туристички центар, Тачи на неговиот профил на Фејсбук напиша дека процесот на доставување понуди за концесија завршил и оти експерти на УСАИД ја анализираат понудата на познат француски конзорциум.

„До крајот на годинава ќе заврши повеќегодишниот процес на изнаоѓање инвеститор и така почнуваме со новата страница за економски развој на ова подрачје. Над 200 милиони евра се очекува да бидат инвестирани во развојот на овој најдобар, а во иднина и најголем скијачки центар на Балканот“, напиша Тачи.

Испрати коментар

Scroll To Top